Ќерката на принцот Хари и Меган сè уште ја нема на кралската линија на сукцесија

меган маркл арчи хари лилибер
ФОТО: EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

Поминаа два месеци откако светот ја дозна веста за раѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган, Лилибет, но бебето сè уште го нема никаде на кралската линија на сукцесија, пренесува „The Mirror“.

Братот на Лилибет, Арчи, бил додаден на официјалната листа само две недели по неговото раѓање во Лондон во 2019 година. Палатата досега нема коментар за оваа дискрепанца. Отсуството на детето од кралската линија на сукцесија следи по одлуката на Хари да ги прекине врските со кралското семејство и да се упати кон Калифорнија.

Лилибет, која е родена во јуни, треба да биде наведена како осма по ред за тронот. Во моментот, нејзиното место го пополнува принцот Ендру. Синот на Вилијам и Кејт, принцот Луис, го добил петтото место помалку од две недели по неговото раѓање. Доцнењето од страна на палатата остави простор некои да сугерираат дека им се „испраќа порака“ на војводата и војвотката од Сасекс.

„Треба да се прашате зошто им треба толку долго“, изјавил Крис Шип за подкастот „Royal Rata“. „Сè што треба да сторат е да го притиснат копчето за параграф и да стават друг број. Го имаат направено претходно. Го направија тоа за Арчи. Јасно е дека го направија за Луис кога се роди“.

Принцот Хари пишува мемоари: „Ова не го пишувам како принцот кој бев роден, туку како човекот кој станав“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот