Принцот Хари пишува мемоари: „Ова не го пишувам како принцот кој бев роден, туку како човекот кој станав“

принц хари мемоари
Принц Хари / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Веста за претстојните мемоари на принцот Хари предизвикала шок во кралското семејство и никој од нив не бил подготвен за тоа кои тајни можат да бидат споделени пренесува „Us Weekly“.

„Кралското семејство е потресено од книгата“, рекол анонимен извор истакнувајќи дека принцот Чарлс и принцот Вилијам „се особено загрижени за она што Хари ќе го открие“ по неодамнешната низа критики на 36-годишниот принц, што веќе беа „доволно лоши“. „Тие сè уште не добиле примерок и не знаат што да очекуваат. Тоа ги прави нервозни“.

Книгата на војводата од Сасекс ќе биде издадена од „Penguin Random House“, се очекува биде објавена кон крајот на 2022 година. „Ова не го пишувам како принцот кој бев роден, туку како човекот кој станав“, рекол Хари во изјавата.

„Носев многу капи низ годините, и буквално и фигуративно и мојата надеж е дека со раскажувањето на мојата приказна – подемите и падовите, грешките, научените лекции – можам да покажам дека од каде и да доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“.

Според описот на издавачот, книгата ќе вклучува „дефинитивен приказ на искуствата, авантурите, загубите и животните лекции што помогнале во обликувањето“ на гледиштето на поранешниот воен пилот. „Принцот Хари ќе понуди искрен и привлечен личен портрет, кој ќе им покаже на читателите дека зад сè што мислат дека знаат, лежи инспиративна, храбра и возбудлива човечка приказна“, се наведува во соопштението.

Мемоарите не само што ќе биле фокусирани на животот на Хари во ѕидовите на палатата, туку и ќе зборувале за неговиот живот дома со сопругата Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот