Ќерката на Хефнер израснала покрај голи „зајачици“, а денес е една од највлијателните личности во Америка

Фото:Instagram/Christie Hefner

Основачот на култниот магазин „Плејбој“, познатиот Хју Хефнер, водел повеќе од интригантен живот и околу себе имал бројни жени, но онаа која ретко се појавувала во јавноста со него и имала големи заслуги за неговата империја, е неговата ќерка Кристи Хефнер.

Сега 70-годишната Кристи, дипломирала на Универзитетот „Брандеис“ со диплома по англиска и американска книжевност и ја започнала својата кариера како новинар, а подоцна се приклучила на фирмата на нејзиниот татко и се искачува по скалилата за да стане нејзин извршен директор и претседател. Откако беше најавена за извршен директор на Плејбој, Кристи доживеа многу непријатности поради критиките за начинот на кој се однесуваат кон жените, но според неа, во самата компанија немало вознемирувања.

Фото: Instagram/ Christie Hefner

Таа влијаеше на развојот на компанијата со префрлање на нејзиниот фокус од печатеното издание на интернет со цел да биде во чекор со времето, а токму таа ги основа „Playboy TV“ и „Playboy.com“. Таа, исто така, ги затворила клубовите на нејзиниот татко и отпуштила многу работници, а под нејзино раководство компанијата станала најголемата светска компанија за забава за возрасни.

По разговорот со поранешниот американски претседател Барак Обама, Кристи решава да ја напушти корпорацијата и да го посвети своето време на социјалните проблеми во Америка. Помага во финансирањето на првиот амбулантски центар за СИДА со 30 милиони долари. Денес важи за една од најпочитуваните Американки и е долгогодишна членка на Унијата за граѓански слободи.

 

Фото: Instagram/Christie Hefner

Инаку, уште како млада се стремела да биде финансиски независна, па делела соба со своето момче на Универзитетот и напорно работела за да заштеди доволно пари за да купи автомобил. Работела хонорарни работи како чување деца и пакување подароци пред да дипломира, а денес е една од највлијателните луѓе во Америка, која никогаш не сакала премногу да се истакнува и да открива детали од нејзиниот приватен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот