Ќе се прави супер вештачење за трагедијата кај Ласкарци

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Советот на судии на Кривичниот суд одлучи да се прави супер вештачење за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 беа повредени кога се преврте автобус на „Дурмо турс“.

– Ние сметаме после толку години дека ова е само одбегнување на правдата. Ова за семејствата што ги изгубиле своите најмили во тешката сообраќајка е дополнителна траума и невидена болка. Сметаме дека не смееше ова денеска да се случи, оваа ваква одлука на судечкиот совет што го води овој предмет – рече Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски.

Адвокатите на обвинетите, пак велат дека со супер вештачењето ќе се утврдат реалните факти за сообраќајната несреќа, зашто на судењето биле презентирани три различни вештачења.

Страотната несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година и наскоро ќе се навршат три години од трагедијата. А пресуда се уште нема. Супер вештачењето ќе го прават професори од техничкиот факултет од Скопје и Битола, но не се знае колку овој процес може да трае. Судскиот процес во кој се обвинети шест лица – меѓу кои газдата на „Дурмо турс“ и возачот на автобусот беше во финална фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот