Кирби: Назначувањето на Хил е можност Вучиќ да ги исполни ветувањата што му ги даде на Бајден

Поранешниот американски амбасадор во Белград Мајкл Кирби изјави дека доаѓањето на искусниот американски дипломат Кристофер Хил на таа позиција претставува можност Србија да го исполни ветувањето кое го дала на Вашингтон но не го направила.

“Американскиот претседател Џозеф Бајден многу години слуша дека Србите ќе направат одредени работи. Сепак, тие не го направија она што го ветија. Ова е можност сега да си ги исполнат ветувањата. Администрацијата е сериозна, а вие ако не бидете сериозни САД ќе завршат со вас . Работите не можат да траат бесконечно “,изјави Кирби за Гласот на Америка.

Кирби, кој ја извршуваше амбасадорската функција во Белград од 2012 до 2016 година, обелодени дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му дал „одредени ветувања“ во Белата куќа на Бајден во времето кога тој беше потпретседател на САД.

“Со години се занимаваме со претседателот Вучиќ. Дојдов во Србија пред да стане премиер. Потоа стана премиер, а потоа претседател. Тој даде одредени ветувања во Белата куќа на тогашниот потпретседател Бајден, кои не ги исполни Можеби сега е крајно време Вучиќ да го исполни ветеното “, изјави Кирби.

Кирби посочи дека едно од ветувањата се „ и врска со убиството на браќата Битичи“.

Тој оцени дека Хил, како амбасадор во Белград, има капацитет и „може да постигне конкретни резултати“.

“Работеше со претседателот Бајден кога беше потпретседател на Соединетите држави, работеше со сите луѓе во оваа администрација, со Сенатот. Кога беше амбасадор во Ирак, работеше со неколку сенатори. Работеше со сегашниот секретар на држава, има пристап до адреси во Вашингтон што му помага да ги поттикне работите. Има и кредибилитет во регионот “, рече Кирби.

Тој додаде дека одлуката на САД да го испратат Хил во Белград „покажува дека САД се грижат за Србија“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот