Кинеските инвестиции во Европа со значителен пад - Слободен печат

Кинеските инвестиции во Европа со значителен пад

Кинеските инвестиции во Европа се намалија за 80 отсто во првата половина од годинава во споредба со истиот период во 2018 година, нагласува консултантскиот гигант „Ернст и Јанг“ (ЕИ) во студија.

Кина инвестираше 2,4 милијарди долари во европските компании во првите шест месеци од 2019 година, вклучително и 81 аквизиции и купување акции, соопшти ЕИ, истакнувајќи дека повеќето од тие биле само зделки од мали размери.

Студијата покажа дека Кина не остварила аквизиции во Германија и инвестирала само 505 милиони долари во германски компании. Во 2018 година најголемата економија во Азија инвестираше 10 милијарди долари во Германија.

Консултантската фирма смета дека тековниот трговски конфликт меѓу САД и Кина, што предизвика економијата на Кина да се забави, е главна причина за остриот пад. Во 2016 година, Европа забележа рекордна сума на кинески инвестиции преку аквизиции на европски компании, во износ од 85 милијарди долари.

Кина експлицитно најави дека ја извршува целта да ги престигне Западот и Јапонија во технолошкиот сектор до 2050 година.

Прочитај повеќе

Фејсбук страната на скопската зоолошка злоупотребена за ширење дезинформации

Слободен печат

Град лежи на 72.000 тони дијаманти, но не може да се збогати

Слободен печат

Две деца загинаа, 20 повредени откако школски автобус излета од пат во Германија (ВИДЕО)

Слободен печат

Под набљудување 16 лица во САД кои биле во контакт со носител на корна вирусот

Слободен печат

„Стапи во брак со својот силувач“: Контроверзен закон предизвика бес во Турција

Слободен печат

Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

Слободен печат

Остави Коментар

two × three =

Прочитај повеќе

МЕПСО: Ќе се модернизира најзначајната трафостаница за снабдување на Скопје

Слободен печат

Се раскитува новогодишната елка на плоштад (ФОТО)

Слободен печат

ЕУ со осуда за нападите врз цивлни цели во Сирија

МИА Агенција

Македонија бележи назадување на Индексот за перцепција на корупцијата

Слободен печат

Трамп е првиот претседател кој ќе „маршира за живот“

Слободен печат

Османи: Владата се обидува максимално да биде во коректни односи со медиумите

Слободен печат