Кинескиот гигант добива нова лиценца за работа во САД

фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Во понеделник, 18 ноември, на компанијата „Хуавеј“ и истекува тримесечната лиценца која и овозможува да работи со американски компании. Ова е второ продолжение што САД и го додели на „Хуавеј“, откако деловните односи меѓу САД и Кина се искомплицираа кон средината на мај годинава.

Но, изворите велат дека „Хуавеј“ ќе добие трето продолжение. Ова секако не е изненадување на денот, бидејќи самиот американски министер за трговија Вилбур Рос на почетокот на овој месец објави дека наскоро ќе започне со издавање на лиценци за американски фирми кои сакаат да соработуваат со „Хуавеј“.

За да не се испостави дека кинеската компанија нема санкции, веднаш беше објавено дека не на сите фирми ќе им се даде зелено светло, или дозвола за соработка.

Сега е јасно дека тогаш се мислело за „Qualcomm“, „Micron“ и „Intel“ на кои им беше одземена лиценцата поради наводна закана за националната безбедност. Барем така пренесува американски „Политико“, кој исто така објави дека „Хуавеј“ ќе добие ново продолжение во понеделник, овој пат на шест месеци.

Сепак, не сите се согласуваат за времетраењето на дозволата. „Ројтерс“, на пример, повикувајќи се на анонимни извори добро запознаени со целата работа за „Хуавеј“, рече дека дозволата од трети лица ќе биде значително пократка – само две недели. Ова би можело да значи дека трговскиот договор меѓу САД и Кина е конечно постигнат во тие две недели, така што во иднина на „Хуваје“ ќе и требаат посебни дозволи за работа со американски компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот