Кина воведува санкции за пет американски компании

Кина и САД знаме / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кина ќе санкционира пет американски производители на воена опрема како одговор на најновата продажба на американско оружје на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во изјавата, тој предупреди дека неодамнешната продажба на американско оружје на Тајван „сериозно го поткопува суверенитетот и безбедносните интереси на Кина и ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, според Ројтерс.

Компаниите кои ќе бидат санкционирани се BAE Systems Land and Armament, Alliant Techsystems, AeroVironment, Viasat и Data Link Solutions.

Кина ќе ги замрзне средствата на овие компании и ќе го забрани нивното работење во Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство.

Минатиот месец, Стејт департментот одобри 300 милиони американски долари за опремување на тактичките информациони системи на Тајван.

Продажбата на оружје од САД на Тајван често е извор на тензии во односите Вашингтон-Пекинг бидејќи Кина го смета Тајван за своја територија, што регионалните власти во Тајван го отфрлаат, наведува Ројтерс.

Агенцијата додава дека кинеските санкции се воведени пред претседателските и парламентарните избори во регионот на Тајван, кои се одржуваат на 13 јануари, кои Кина ги означи како избор меѓу војна и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот