Кина се повеќе економски јакне: Ќе падне ли САД од тронот до 2035 година?

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

– Кина има добри шанси да ја удвои големината на својата економија до 2035 година – и на тој пат да ја надминае САД како најголема светска економија, рече економист од Банка на Америка.

Дека Кина тежнее да стана понапредна држава, тоа донекаде го потврди и нејзиниот претседател Си Џинпинг кој во ноември рече дека е можно да го удвои својот бруто домашен производ и приходот по жител до 2035 година.

Дуплирањето на кинескиот БДП бара просечен годишен раст од 4,7 % во наредните 15 години – некои аналитичари се скептични според таа проценка. Но, Хелен Киао, шефица на одделението „Асиа економис“ при компанијата „Бофа Глобар Рисрч“, вели дека некои мерки од реформите ќе и помогнат на Кина да стигне до таа цел.

Како што пишува СиЕнБиСи, според ставот на Киао, независно од удвојувањето на БДП, азискиот економски гигант би го надминал САД како најголема светска економија околу 2027 до 2028 година.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво која растеше во 2020 година и покрај предизвиците кои ги донесе пандемијата од ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека кинеска економија минатата година се зголемила за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонг на Кина годинава и прогнозираше раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, американската економија во 2020 година се намали за 3,5 %, покажуваат најновите владини проценки. ММФ рече дека американската економија во 2021 година би можела да порасне за 5,1 отсто.

Загриженост поради растот на Кина

Во извештајот објавен претходно овој месец, Киао се позанимава со заедничката загриженост која Кина би ја попречила во остварувањето на економските цели до 2035 година. Наведе три причина кои скепиците често ги нагласуваат: старото население на Кина, висок однос на долгот кон БДП и моделот на инвестициски раст кој не е одржлив.

Таа загриженост ќе ја забави – не нема и да ја успори нагорната патека на раст на Кина, се наведува во извештајот. Новите реформски мерки се насочени кон стабилизација на долгот и иницијативата на натамошна урбанизација и отварање на секторот на услуги.

Сепак, патот на Кина до целта до 2035 година не е без ризик, вели Хелен Киао, за СиЕнБиСи. Додава, дека, дури и ако Кина ги реализира реформите како што вети, постојат многу фактори кои земјата не може да ги контролира.

Тука се, да речеме, дополнителните тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, како можна закана за кинескиот економски раст. Американско – кинеските тензии ескалираа во текот на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и станаа една од најголемите закани за глобалната економија пред пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот