Кина го забранува „копањето“ на криптовалути

Кина сака да го забрани целосно „копањето“ на криптовалути, покажува листата на индустриските активности кои властите во земјата планираат да преземат, пренесува „Reuters“.

Кина е најголемиот хардверски пазар во светот специјализиран за производство на виртуелни валути, иако во земјата има регулативи за овие активности.

Кинеската национална комисија за развој и реформи (NDRC) посочува дека ќе го бара јавното мислење за листата на индустрии кои ќе бидат охрабрени, ограничени или целосно елиминирани. Листата беше објавена во 2011 година.

Во новата листа на индустрии веќе спаѓа и „копањето“ на криповалути заедно до уште 450 активности кои, според „NDRC“, треба да бидат елиминирани, бидејќи не се во согласност со релевантните закони и прописи, не се безбедни, водат до загуба на ресурси или ја загадуваат животната средина.

Документот не ги споменува условите или методите за елиминирање на приносите од виртуелната валута, што значи дека предложените активности треба веднаш да се запрат. Јавната расправа ќе продолжи до 7 мај оваа година.

Државниот весник „Securities Times“ забележува дека листата го одразува односот на индустриската политика на земјата кон индустријата со криптовалути.

Во минатата недела цената на биткоинот скокна за речиси 20% за еден ден, што е највисок раст од крајот на 2017 година, надминувајќи го нивото од 5.000 долари за прв пат од средината на ноември минатата година.

За време на подготовка на материјалот, биткоинот се тргуваше по цена од 5.210 долари, според „CoinMarketCap“.

Активностите со виртуелните валути во Кина се наоѓаат под тешка регулација од 2017 година, откако властите во земјата ги забранија постапките за примарната понуда на дигитални средства (ICO) и ги затворија локалните берзи за криптовалути.

Властите започнаа да вршат притисок и над бизнисот со искористување на криптовалути, па многу компании беа принудени да побараат друг фундамент за своите активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот