Кикс на Челси, Барнли дојде до бод во Лондон

Челси ја прекина серијата од четири победи по ред/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси направи кикс во 11 коло играјќи пред своите гледачи само 1:1 против Барнли, кој се наоѓа во долниот дел од табелата.

И покрај ремито кое доаѓа по четирите победи по ред, „сините“ останаа лидери на табелата со 26 бодови, три повеќе од Манчестер сити, а четири повеќе од Ливерпул кој има наптревар помалку.

Фудбалерите на Челси доминираа на „Стемфорд бриџ“, упатија дури 25 удари, имаа околу 70 проценти посед на топката, но не успеаја да слават.

„Сините“ поведоа во 33 минута кога Каи Хаверц го искористи додавањето од Рис Џејмс. Казната за промашувањата на фудбалерите на домашниот тим дојде во 80 минута кога Џеј Родригез му асистираше на Матеј Видра кој без проблеми го совлада Менди и креираше големо изненадување.

Фудбалерите на Норич дури во 11 коло ја остварија првата победа во Премиер лигата откако со 2:1 го совладаа Брентфорд. Норман му донесе водство на Норич во шестата минута, а Тему Пуки во 29 минута зголеми на 2:0. Гостите во второто полувреме успеаја да го намалат резултатот преку Рико Хенри.

Кристал Палас продолжува со добрите резултати и по победата над Сити во минатото коло, сега со 2:0 го совлада Вулверхемтпн. Двата гола беа постигнати во финишот од натпреварот, Вилфред Заха во 61 минута го отвори резултатот, а дилемите околу победникот ги решо Конор Галагер во 78 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот