Кевин Спејси повторно објави бизарна божиќна снимка (ВИДЕО)

Profimedia
Фото:Profimedia

Минатата година актерот Кевин Спејси беше осомничен за сексуален напад, а сега објави бизарна божиќна честитка и тоа како 3 минутно видео на YouTube. Оваа година за Бадник, повторно ја направи истата работа, само што овој пат честитката трае подолго. Облечен во празничен џемпер Кевин Спејси седи пред каминот и повторно се соживеа во улогата на Франк Андервуд, американскиот претседател од тв-серијата „House of Cards“.

„Веројатно не мислевте дека ќе ја пропуштам приликата да ви посакам Среќен Божиќ, зарем не?“, започнува неговото обраќање во честитката.

Во минатогодишната честитка Кевин Спејси се бранеше од #MeToo движењето и оптужбата за сексуално напаѓање, а ја коментирал и последната сезона од серијата „House of Cards“ во која повеќе го немало него. Тоа видео достигнало дури 4,5 милиони прегледи само во 24 часа. Во тоа време било објавено дека Спејси ќе биде обвинет за сексуален напад и дека ќе му се суди во Масачусетс. Тужбата подоцна била отфрлена.

Оваа година видеото има назив „KTWK“ односно „Kill Them With Kindness“. Во него Спејси збори како за него ова било „прилично добра година“, дека му се „вратило здравјето“, па и рекол „Знам што мислите. Може ли тој да е сериозен? Мртов озбилен сум“. Што уште рекол, погледнете во видеото:

Актерската кариера на Кевин Спејси тргна надолу кога кон крајот на 2017 година повеќе личности го обвиниле за сексуален напад. Две казнени пријави против него оваа година биле отфрлени, додека во Лондон се води истрагата поради наводните сексуални напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот