Ќерката за заразениот тетовец: Од понделникот молев татко ми да биде тестиран за коронавирус

Фото: архива на СП

Таа вели дека не се знае како се заразил тој, а на неа и е речено да биде во самоизолација.

Пред малку министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата изнесе повеќе детали за тетовец кој бил заразен со коронавирусот, а за кој неговата ќерка Наташа Апостолоска, вели дека молела да го тестираат, бидејќи се сомневала дека е заразен со овој вирус.

Ќерката на 69- годишниот жител на Тетово, Наташа Апостолоска, на Твитер појасни дека од понеделникот молела за лекарска помош за нејзиниот татко. Таа вели дека не се знае како се заразил тој, а на неа и е речено да биде во самоизолација.

Според нејзините пишувања, а тоа го потврди и министерот, 69-годишниот тетовчанец бил хоспитализиран во Центарот за рехабилитација во Козле, поради мозочен удар. Информацијата за заразениот тетовчанец ја потврди и Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

-Од понеделникот молев за лекарска помош за татко ми кој има 69 години, на секој број се јавив. И во Скопје и во Тетово, никој не покажа грижа од надлежните, за денес на тестот за корона да испадне позитивен. Појаснувам дека во Тетово лекарите и тимот за корона постапија според пропис, освен Брзата помош која ја молев да дојде да го прегледа и транспортира затоа што е неподвижен. Таа дојде по 30 минути- објаснува Апостолоска.

Пациентот поради покачена температура е тестиран е препратен на Инфективна клиника, истакна министерот.

-Пациентот бил неподвижен, имал само една посета, заради фербилност после испуштање од болницата е тестиран, откако е добиен позитивен тест е упатен во Скопје. Сите лекари се исконтактирани, многу мал број на пациенти имале контакт, од 40 само 4. Пациентот имал ваксуларни болести и интервенција. На сите им е земен материјал, согласно временскиот период којшто е поминат немаат сипмтоми, 14 здравствени работници се тестирани и 4 пациенти, веднаш после добивање на резултатите ќе се направи стратегија на функционирање на Заводот за рехабилитација- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот