Ќерката на Карлеуша не тргна по нејзините стапки: Малата Ника тренира фудбал (ФОТО)

Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, тргнала по стапките на татко и и почнала да тренира фудбал.

По враќањето од летувањето од Турција Карлеуша се пофали дека Ника почнала да тренира фудбал во Црвена звезда, објавувајќи фотографија од девојчето пред тренинг.

Душко Тошиќ за Црвена звезда играше од 2010 до 2012 година, во тој период беше и на позајмица во Бетис, а потоа се префрли во Генчлербиригли.

Постарата ќерка на Јелена и Душко, Атина, ја привлекува модата и често може да се види на детски модни ревии како модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот