Кекеновски го искара германскиот весник ФАЦ: ВМРО-ДПМНЕ е далеку од националистичка партија

Професорот Јове Кекеновски, кој е член на политичката коалиција „Никогаш северна-само Македонија“, упати критики на сметка на угледниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, поради тоа што во напис за политичката состојба во земјава, ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува „националистичка партија“.

„Германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во денешниот напис со погрешна констатација дека опозиционата ВМРО е националистичка партија.
Денес ДПМНЕ е се друго, само не е националистичка партија. Единица за авторот на текстот и за уредникот на весникот“, напиша Кекеновски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот