Кејн импресиониран од Конте: Тој е фантастичен

Хари Кејн е импресиониран од Антонио Конте/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Екипата на Тотенхем по доаѓањето на Антонио Конте за менаџер на местото на Нуњо Еспирито Санто, игра одлично и се врати во борбата за позиции кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Тотенхем под водство на Конте направи серија од девет натпревари без пораз во Премиер лигата и по 20 кола има 36 бода, само два помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед, а згора на тоа има и два натпревари помалку.
Атмосферата во соблекувалната е одлична и тоа за тоа е најзаслужен токму Антонио Конте, смета првата ѕвезда, Хари Кејн.

– Антонио Конте е одличен. Во клубот донесе добра култура, има одлична работна етика како на теренот така и надвор од него. Прави сè за да направи разлика на теренот – вели Кејн кој е оптимист пред вториот дел од сезоната.

– Се надевам дека ќе играме уште подобро и ќе продолжиме да напредување. Ни претстојат големи натпревари до крајот и се надевам дека ќе можеме да покажеме дека напорната работа се исплати – додава Кејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот