Ќе си ја измиеме ли и совеста?

Дали ќе избереме и понатаму да живееме во повишена фреквенција на свеста, сепак е наша лична одлука. Во секој случај, математичката функција на сумата од личните одлуки го одредува и интензитетот и правецот и насоката на колективната свест. Тој избор денес и видливо е поставен пред секој од нас. Старата латинска вели: „Секој е ковач на својата среќа“. Секој човек, нација, цивилизација. Сите ние. Научивме да ги миеме рацете, но ќе научиме ли некако да си ја измиеме и совеста?

Ни се случи и тоа, светска пандемија. Владите прогласија вонредни состојби, транспортот стивнува, цели нации влегуваат во изолација, народот полека, но сигурно го фаќа паника. Се затвора во своите кутичиња каде што се чувствува безбеден, социјалните мрежи му стануваат основна социјализација, нема повеќе ни свадби, ни погреби. Сите сме свесни дека се соочуваме и со економска рецесија, а тоа стравот го прави уште поголем од стравот кога си опкружен од лица со маски.

Ама, воедно, со новата свест, се раѓа и нова култура на однесување, ултрамодерен социолошки феномен кој сигурно ќе остави трага во современата цивилизација. Филозофите веќе расправаат за импликациите од вирусот врз современата политика, економија и култура, а „рајата“, која не била вака инспирирана уште од бурните шеесетти, веќе одговара сопствена контракултура на однесување. Се создаваат нови видови поздрави, од мавтање со гушкање во празно или удирање со лактови и колена што понекогаш вистински наликуваат на популарната денс рутина, наречена „харлем шафл“. Се чистат кваки и други „точки на жаришта“. Плебсот несебично си капнува антисептици помеѓу себе и се појавува нов вид на меѓусебна почит.

Се зголемува и довербата во стручните институции, од Светската здравствена организација, до локалните. Креативните индустрии се вртат кон потребите на граѓаните, голем дел од светската мрежа, исто така, па дури и големите Гугл и Фејсбук веќе со недели се борат против лажните вести, поврзани со вирусот. Светот никогаш не изгледал поповрзан од денес, иако земјите влегуваат во изолационизам.

Сето ова автоматски ме наведува кон мислата: а што потоа? Ќе заборавиме ли да миеме раце, исто како што заборавивме да фрламе отпадоци таму каде што им е место? Ќе ги гориме ли и понатаму без филтри сите белосветски ѓубриња? Ќе им се мочаме ли повторно на реките и ќе ги заградуваме со мини-централи; ќе продолжиме ли да уништуваме значајни екосистеми?

Постојат мислители кои велат дека не треба да се мешаме во „работата“ на вирусот и дека тој е тука за да ја ослободи планетава од дел од „шугата“, наречена Човек, всушност, дека новата чума е само една од реакциите на имуниот систем на Мајката Земја. Во некоја рака, и јас се сложувам со тоа, особено окуражен од „новата свест“ што се раѓа. Големите чуми секогаш биле предвесници на големи општествени промени.

Дали ќе избереме и понатаму да живееме во повишена фреквенција на свеста, сепак е наша лична одлука. Во секој случај, математичката функција на сумата од личните одлуки го одредува и интензитетот и правецот и насоката на колективната свест. Тој избор денес и видливо е поставен пред секој од нас. Старата латинска вели: „Секој е ковач на својата среќа“. Секој човек, нација, цивилизација. Сите ние. Научивме да ги миеме рацете, но ќе научиме ли некако да си ја измиеме и совеста?

Тоа што се вртиме кон себе, тоа што се изолиравме и почнавме да читаме повеќе, да слушаме музика, тоа што имаме можност да правиме нешто што никогаш или одамна не сме го правеле, тоа може да биде и добитната комбинација. Кога нешто доволно долго се прави, преминува во навика, во култура, во систем. Оваа светска револуција се води и ќе се води од дома.

И, на крајот, мала дигресија, но сепак на истава тема: олабавете со тоа трошењето хартија. Милијарди дрва ќе страдаат како последица од масовново трошење хартија, а само што почнавме да садиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот