Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против Ковид-19 и извршиле групирање на приватна прослава во стан во Скопје.

Како што се наведува во соопштението, обвинетите на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата Васил Ѓоргов, во домот на една од обвинетите.

На прославата биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.

Надлежниот јавен обвинител предложил до Основниот кривичен за обвинетите полнолетни лица да се изречат парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот