-8 C
Скопје

Карантин невиден досега: Руските власти ископале канал околу едно село за да го затворат

Инфекцијата се појавила откако десетина селани на 10 јуни учествувале во шаманскиот обред што го предводела заразена жена.

Руските власти ископале канал околу оддалечено сибирско село Шулута за да го стават во карантин, откако десетици жители биле заразени со коронавирусот, за што локалните власти веруваат дека се проширил преку традиционален шамански ритуал.

Селото Шулута, што се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од езерото Бајкал, во сибирската провинција Бурјатија, има 37 потврдени случаи на коронавирус меѓу неговите 390 жители, пренесуваат британските медиуми.

-Се верува дека уште 95 лица биле во контакт со заразените и сега и тие мора да бидат ставени во карантин, изјави директорот на локалната администрација Иван Алхеев.

Тој рече дека инфекцијата се појавила откако десетина селани на 10 јуни учествувале во шаманскиот обред што го предводела заразена жена.

Прочитајте и...  Во Србија за вакцинација се пријавени 324.728 граѓани, 40 отсто ја сакаат руската вакцина „Спутник V“

Рововите околу Шулута беа ископани на 29-ти јуни, како мерка за спречување на туристите да се возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунка, како и да се ограничи движењето на локалните жители, од кои некои беа скептични во врска со наредбата да се замоизолираат.

Поврзани вести

Србија ја започнува имунизацијата со вакцини од четири производители

Слободен печат

Поради полициска вежба патот кон Пониква во прекин

Слободен печат

ВИДЕО: По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува ова видео од новинарката Јелена Обучина

В.Т.

Царовска: За реформите имаме силна поддршка од меѓународната заедница

Слободен печат

„Ековита” против изградба на гасна централа од комунален отпад во Неготино

Слободен печат

Последните денови на Трамп во Белата куќа

Слободен печат

Остави Коментар