Карагер не можеше да поверува што утна Стерлинг! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вчера Манчестер сити доживеа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите против француската екипа на Лион (1:3).

Со големо внимание фудбалските љубилите во Англија го следеа настапот на својот претставник, а помеѓу нив и екс играчот на Ливерпул, Џејми Карагер.

Заедно со Мајк Ричардс, поранешен член на „граѓаните“, реагираа на промашувањето на Рахим Стерлинг во текот на четвртфиналниот дуел.

При негатива од 1:2 Стерлинг имаше празна мрежа пред себе, но зачудувачки не успеа да ја испрати топката во мрежата за израмнување.

Оваа голема утка што на крајот значеше и елиминација со шок ја проследи Карагер кој сега е ангажиран како стручен коментатор.

Лион не се шегува, го елиминираше и Манчестер сити! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот