Канада блокирана поради пад на мрежата на „Роџерс телекомуникации”

Поради вчерашниот пад на мрежата на еден од најголемите канадски телекомуникациски оператори, „Роџерс телекомуникации” (Rogers Telecommunications),  во Канада е блокиран  банкарскиот, транспортниот и владиниот пристап за милиони Канаѓани.

Поради падот на мрежата прекинати се банкарските услуги, нарушени се  транспортните системи, како и речиси сите аспекти од животот, бидејќи е  оневозможен пристапот до интернет и до мобилните и фиксните телефонски врски, не можеше да се добие ниту итна помош преку повици на 911.

„Роџерс телекомуникации” на Твитер објави дека тимови работат на повторно воспоставување на мрежата, но не наведе временски рок кога ќе биде овозможено целосно функционирање.

Канадското  Министерство за јавна безбедност соопшти дека прекинот на мрежата на „Роџерс комуникации” не е кибер напад.

Тоа е втор прекин на мрежите на „Роџерс телекомуникации”  во изминатите 15 месеци.

„Роџерс телекомуникации”  има 10 милиони безжични претплатници и 2,25 милиони претплатници на интернет. Компанијата е водечки давател на услуги во Онтарио, најнаселената провинција во Канада и нејзиниот најголем град, Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот