Кампањата за парламентарни избори уште не почната – се нижат условите за владина коалиција

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Иако кампањата за парламентарните избори се уште не е почната, односно треба да стартува во четврток на 18 април, политичките партии веќе ги исцртуваат контурите на пакетот услови кој ќе биде испорачан за формирање коалиција. Не се само уставните измени туку и ветингот на политичарите е eден од условите кој го испорачуваат политичарите.

Поконкретно кандидатот за претседател од Европскиот Фронт, Бујар Османи рече дека услов за коалицирање ќе биде Договор за ветинг и дека секој кој има за цел да стане функционер првично треба да добие сертификат издаден од САД, ЕУ и НАТО.

„Нема да има Влада без договор за целосен ветинг на сите носители на јавни функции. Секој кој има за цел да стане министер, директор, судија или обвинител, првично ќе треба да добие сертификат издаден од САД, ЕУ и НАТО и тоа од два аспекти, дали имаат поврзаност со руските интересли и дали се вмешани во корупција. Само на тој начин ќе се исчисти нашата сцена од овие две лоши работи, руското влијание и корупцијата.“, вели Османи.

Прашан за оваа, Арбен Таравари од ВРЕДИ вели дека ова претставува потценување на интелегенцијата на граѓаните и го праша Османи и ДУИ зошто не спроведеле ветинг веќе 20 години.

„Јас јавно го прашувам, зошто не го направиле тоа досега . Имале можност да го направат тоа веќе 20 години или 7 или 8 години. Јас неколку пати го поканив Бујар Османи, дојди да потпишеме ветинг и за политичарите и за судиите и за обвинителите. Јас знам дека некако ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните и тоа не е добро бидејќи Бујар Османи и ДУИ веќе 10 години ветуваат ветинг и не го направија тоа.“, рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот