Камерон во Киев на прва официјална посета откако стана шеф на британската дипломатија

Володимир Зеленски и Дејвид Камерон / Фото Твитер

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска се сретна со шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон, кој е во ненајавена посета на Киев.

– Оружје за првата линија, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на нашиот народ и критична инфраструктура. Благодарен сум на Велика Британија за поддршката“, наведе Зеленски на социјалните мрежи, придружена со фотографии од него и Камерон како се ракуваат.

Ова е прва официјална средба на Камерон на странска држава откако повторно се врати на политичката сцена во Британија како министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот