Камерон Дијаз призна дека станала зависна од ботокс!

Фото: EPA/PETER FOLEY

Камерон Дијаз е една од оние жени кои се покајале за ботоксот во нејзиното лице, а таа тоа го призна во неодамнешната интервју за американските медиуми.

камерон дијаз
Фото Профимедиа

„Ја уништив кожата со лошата исхрана. Во младоста, честопати доцна навечер го нарачував најголемиот можен хамбургер и шише газиран пијалок. Поради тоа што бев слаба, можев да јадам сè, но мојата кожа не можеше добро да го поднесе тоа. Таа беше во прилично лоша состојба. Затоа решив да посегнам по ботокс“, рекла таа.

инстаграм

„Само два третмани беа доволни за станам зависник. Ме убиваше. Не знам колку пати сум инјектирал, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што требаше да бидам. Ботоксот го смени моето лице на толку чуден начин, што мислев, не, не го сакам тоа, јас повеќе би го гледала лицето како старо отколку лице што не ми припаѓа“, рекла таа и истакнала дека тоа е најголемата грешка во нејзиниот живот, а додала и дека само две дози од ботоксот биле доволни за таа да стане зависна.

Instagram

Актерката додала дека и недостига нејзиното лице од младоста и дека сега одредени делови не ѝ се флексибилни.

„Повеќе никогаш не би си го дозволила тоа“, дополнила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот