Каменот од блиску доаѓа!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Пред извесно време мојот колега Ордановски убаво му предочи на премиерот и претседател на СДСМ, да престане со својата кадровска „другарче“, политика и да се отараси од баластот што тие му го прават и нему и на Владата, а ја загрозуваат и политичката иднина на партијата.

Ако тешко прифаќа пријателски совети, нека учи од противниците. Само нека се сети на нај популарната синтагма што тој лично ја пушти во обрт во една од бомбите што го донесоа на власт, а тоа беше: „Каменот од блиску доаѓа“.
Несомнено Рашковски „стручно“ го предаде својот другар Заев, нанесувајќи му сериозен удар на политичкиот кредибилитет на премиерот, кој очигледно немал контрола над своите подредени соработници. Но ако тој спиел, опозицијата е будна и на нос ќе му ја извади аферата „Инвока“ која од ден на ден, добива `се подлабоки димнезии.
Дотолку повеќе што од Владата сто пати најавија мерки за борба со криминалот и корупцијата, со кои раководи исто така негово другарче. Тој требаше прв да ги намириса и провери дубиозите во работата на Рашковски, не дозволувајќи неговиот другар и премиер да „виси до крај“ во заштитата на чесноста на својот генерален секретар.

Политиката не е царство во кое царува другарство, туку интересот на државата, на партијата и личнниот интерес.
Раководството на СДСМ е познато по својот либерален, хиерарсиски однос кон своите сопартијци, па историски се соочува со феноменот „секој си тера по свое“, за разлика од минатиот „режим“ на Груевски кој ги „совлада“ овие слабости на социјалдемократите и го централизираше системот на пристап до „ресурси“.

Да не бидам погрешно разбран, не станува збор за тоа кој попаметно ги злоупотребува државните пари и службената положба, туку како благовремено да се пресретнуваат внатрепартиските кадровки слабости, пред тие да станат предмет на обвинителско-судска надлежност.

Ако премиерот тоа до сега не го сфатил, веќе нема така лесно да го исперат лабавите ПР тези дека сега никој не е недостапен пред раката на правдата, зашто таа рака најчесто е спора, и е индивидуална, додека политичката одговорност е брза и колетивна.

Оваа парадигма треба да е водилка на секој прв човек на власта, зашто таа не е замислена да биде друштво на оние кои се другари од деството, туку систем на слекција на најдобрите кадри во државата без, разлика на партиската припадност, или пак на блискоста во приватниот живот.

Дотолку повеќе што лидерот на СДСМ такви реформи најави уште пред конгресот на кој беше реизбран.

Не е потребно да се чита Макијавели за да се применува прнципот на благовремена кадровска смена, пред да станат баласт во јавниот дискурс.

Уште едно неговото другарче по моторинки, кое на почетокот на здравствената криза беше омилена личност меѓу граѓаните и до скоро му носеше изборни поени, се чини сега како да му е товар на вратот со „објективно-субјективните“ причини за слабото менаџирање со вакцините, за скапите, а „евтини“, тестови на товар на граѓаните, со кои и по два негативни резултати, пациентите завршуваат со тешка клиничка слика, често пати и трагично, или пак за скапото приватното здравство, заради кое граѓаните продаваат и куќи и т.н.

Веќе не е важно дали тоа е сосема така и дали за многу работи од ова има и оправдувања, важно тоа е сега општо прифатено мнение и чуство меѓу граѓаните, кое нема лесно да исчезне затоа што смртноста е сеуште голема.
Во пресрет на локалните избори можеби сеуште има време за консолидирање на редовите и проверка на сработеното од страна на десегашните градоначалници, за да може благовремено да се отстранат оние кои не само ако ја злоупотребиле функцијата, туку и не ја оправдале довербата ниту на партијата, ниту на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот