Какво влијание има алкохолот на сонот?

Дали алкохолот има некакво влијание на сонот? Многу луѓе ширум светот имаат навика пред спиење да се напијат една чашка вино или пиво за подобар сон, бидејќи речиси секоја втора возрасна личност во Европа има проблеми со несоница.

Меѓутоа, кога зборуваме за консумација на алкохол за полесен и подобар сон, тогаш станува збор за вистинска измама, бидејќи кај оние кои страдаат од несоница, малите количини на алкохол всушност предизвикуваат спротивен ефект, покажува ново истражување на германски универзитет во Регенсбург.

Точно е дека откако ќе се напиете алкохол, час до час и половина подоцна доаѓа до пријатно опуштање и чувство на замор, па тоа придонесува за побргу да заспиете, меѓутоа, здравиот сон подразбира неколу фази.

Најпрво, овде влегува фазата пред да заспиете, потоа фазата на умерен, па длабок сон и на крај фазата РЕМ, односно брзо поместување на очите или парадоксен сон.

Под влијание на алкохол одвивањето на овие фази се одвива попречено, предупредуваат германските експерти.

Во првата половина од ноќта лицето спие како да е во кома и не може да се освести. Во утринските часови сонот е немирен, па се случува прерано будење и повеќе да не може да се заспие.

Во тој случај мозокот не е во состојба да добие нова енергија, па човекот се буди рано наутро, но не се чувствува способен да ги врши работните обврски.

Поради тоа, наместо алкохол, пред спиење се препорачува консумирање на полесна храна за полесен и поквалитетен сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот