Какви 67 милиони, зголемена е понудата за Де Лихт!

Според „Гаѕета дело Спорт“, Јуве ќе понуди 75 милиони евра за услугите на талентираниот дефанзивец на холандскиот клуб.

Досегашната највисока понуда од страна на „Старата дама“ за де Лихт изнесуваше 67 милиони евра.

https://twitter.com/ajaxtimes/status/1148853916014174209

Се очекува во текот на наредните часови и официјално Јуве да ја испрати понудата и евентуално наредната недела го комплетира толку посакуваниот трансфер.

Откако ќе бидат договорени сите детали, де Лихт (19) ќе замине веднаш на лекарски прегледи, а потоа и стави потпис во Торино. Од 2016 година досега за Ајакс имаше вкупно 77 натпревари и осумпати се запиша во листата на стрелците.

За најдобрата холандска репрезентација забележа 17 мечеви и два погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот