КАКО СЕ НАЈДЕ НА БАЛКАНОТ? Во домот му влета инсект кој досега НЕ Е ВИДЕН во овој регион

Фото: Профимедиа

Читател на „Српскаинфо“ од населбата Старчевица во Бања Лука на редакцијата им пратил фотографија на која се гледа ретка врста на инсект кој мал број на граѓани од Балканот имале прилика да го видат, објави „Блиц“.

Телото на инсектот е црно во должина од 5 сантиметри, со темносини крилја и виолетов отсјај.

Приказната станува интересна поради тоа што оваа врста на инсекти е карактеристична за Азија.

– Седев во станот и забележав нешто црно на паркетот. Поради шумата која се наоѓа во близина, навикнат сум во мојот дом да гледам скакулци, големи ноќни лептири, но и стршлени и други „интересни“ инсекти, но вакво нешто досега не сум имам прилика да видам. Кога се приближив, забележав дека има силна црна боја и виолетови крила – раскажал човекот на Бања Лука за „Српскаинфо“.

Станува збор за инсектот познат како црна пчела столар. Женките од оваа врста прават гнезда така што со своите тела формираат тунели во угинати дрва. По парењето, кое се случува на пролет, женките ги положуваат своите јајца во тунелите заедно со топчиња од полен, кои потоа послужуваат како храна за ларвите. Тие на лето излегуваат како возрасни единки кои потоа ќе хибернираат во текот на зимата.

Радиусот на движење на црната пчела во дел го опфаќа европскиот континет на запад и се протега се до Кина во Азија. Забележана е и на територијата на Велс во 2006 година, а во 2007 година првпат е видено и размножување на оваа врста на територијата на Велика Британија. Црната пчела може да се види и во Франција, Германија…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот