Како можете да се заштитите од коронавирусот на плажа?

Profimedia

Во летото можете да уживате без страв сè додека се придржувате на дистанцата и на упатствата на експертите.

Еве неколку упатства дадени од експерти за сигурно лето без страв од инфекција.

Пред да заминете на одмор

Иако е побезбедно да се престојува на отворени простори, ризикот, сепак, постои, вели д-р Вилијам Шафнер, инфектолог од Центарот за контрола и превенција на болести.

Пронајдете плажа или базен што го следат безбедносниот протокол. Погледнете дали има ограничен број луѓе на плажата и дали некој се грижи за безбедноста и за хигиената.

Дојдете подготвени. Столчињата и масите за јавна употреба не мора секогаш да се дезинфицираат, па затоа вие тоа направете го пред да седнете. Носете и маска што ќе ја ставите откако ќе излезете од водата.

Во водата

Дезинфекциските средства што се ставаат во базенот го спречуваат ширењето на вирусот, но не се спомнува колку време е потребно за да стане неактивен.

Не носете ја маската во вода. Едноставно не е практично, а влажната маска може да биде опасна ако ја носите и на плажата.

Дистанца. Запомнете дека луѓето го пренесуваат вирусот, а не водата, затоа не пливајте премногу блиску до луѓето.

Добра хигиена. Не дувајте го носот во водата. Користете за тоа исклучиво шамивче што ќе го фрлите.

Profimedia

На копно

Експертите се оптимистични и веруваат дека луѓето ќе бидат внимателни и така ќе го избегнат ширењето на заразата. Доктор Томас Фетеке, шеф на одделот за медицина на Универзитетот Темпл, дава упатства како да се однесуваат на копно.

Растојание мора да држите и на копното, а ова се однесува и на местото во ресторанот, на лежалките и крпите.

Ако е преполно со луѓе, поместете се: Сите ја имаат истата идеја кога се горештини, а тоа е да најдат место близу водата. Ако има премногу луѓе таму, пронајдете ново место.

Носете маска

Ставете маска на лицето каде и да се наоѓате.

Физичко растојание

Дистанца мора да држите и на копното, а тоа се однесува и на местото во ресторан, лежалките и крпи. Концесионерот треба да ги раздели лежалките така што да се држи растојание (да се обезбеди лице кое може да ги надгледува пропишаните мерки) и да ги дезинфицира лежалките неколкупати на ден. Задолжително е откако одреден гостин повеќе не ја користи лежалката, а просторите за капење предвидуваат други места за седење, и нив исто така треба да ги распоредат на растојание од 1,5 м.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот