Како да се „исчистите“ по празничното прејадување: Тринеделна програма со кефир и лен

Фото: Профимедиа

Во текот на празниците јадеме и пиеме повеќе од вообичаено, што воопшто не е добро. Ако веќе сте претерале, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го исчистите ораганизмот.

Еднаш годишно се слави Велигден, но треба да се внимава да не се претера со храната и пијалакот, советуваат нутриционистите, особено хронично болните и лицата со висок крвен притисок, дијабетес и срцеви проблеми, но и здравите.

Како да одолеете на искушенијата, а ако не одолеете – како да го исчистите телото од токсините и штетните материи внесени преку храната и пијалаците?

Првото нешто што треба да го сфатиме е дека е подобро да внесуваме силна и калорична храна за појадок или ручек, додека вечерата треба да биде поскромна и полесна.

Водата ги „мие“ токсините

Нутриционистите нагласуваат дека треба да пиете повеќе вода со обилните оброци, бидејќи тоа му помага на организмот да се ослободи од наталожените токсини и големите количини сол од храната и пијалаците.

„Вообичаено пиеме две-три чаши вода дневно, што не е доволно, а немаме навика ниту да јадеме лесна супа или да пиеме чаеви. Се препорачува по прејадувањето да се изеде несолена супа или да се испие чај без шеќер и многу вода, бидејќи таа ќе ги извлече токсините и солта и ќе помогне во намалувањето на крвниот притисок, велат нутриционистите, додавајќи дека треба да се испијат и до два литра вода.

Тие советуваат и по празниците во чинијата да се најде што повеќе зеленчук, кој е нискокалоричен и може да се јаде во поголеми количини.

Јадете зеленчук и за појадок и за ужина, а со ручекот и вечерата задолжително зголемете ја порцијата на салата, особено од морков и келераба, несолена и со што помалку сол.

Се советува на менито да се најде и посно месо, да се избегнува пржено и похувано месо прелиено со кисела павлака или роловано месо во сланина и кашкавал.

Не треба да претеруваме ниту со количината на немасни меса и зеленчук, и тоа треба да се ограничи за да се ослободиме од вишокот килограми. Препорачаната количина за жени е околу 100 грама месо, а за мажи до 200 грама, советуваат диетолозите. Тие, исто така, предлагаат слатките да се заменат со две суви сливи, една сува смоква или две кајсии или грст јаткасти плодови.

Освен чистењето на организмот од токсини, потребна е и физичката активност која делувајќи на рецепторите поврзани со инсулинот, ја зголемува потрошувачката на шеќерот, го регулира метаболизмот и го намалува апетитот. Физичката активност која се практикува час и половина дневно, пет пати неделно, дава резултати за две или три недели.

Сода-бикарбона за детоксикација на усната шуплина

Нутриционистите предлагаат секој ден да се започне со детоксикација на усната шуплина со сода бикарбона или маслиново масло.

На четката за заби, пак, ставете сода бикарбона, на пример, еден грам, исчистете го јазикот и исплакнете, а другиот грам измешајте и испијте. Друг начин е со маслиново масло така што ќе го држите во уста 20 минути и потоа ќе го плукнете.

Притоа, чаевите, супите и чорбите се добри решенија за чистење на организмот, а за ефикасна се смета и детоксикацијата преку кожата.

Освен во сауна, тоа можете да го правите и во вашата бања. Сипете етерични масла од бор, чемпрес, лаванда или рузмарин во кадата со вода, додадете какао путер и малку морска сол и потопете се во овој раствор, сугерираат нутриционистите и додаваат „домашниот спа третман“ да се надополни со чај за детоксикација или пијалак направен од свежо цвекло, моркови и јаболка, како и да се внимава тој ден на менито да има само зеленчук и витамински салати.

За подобар ефект, се препорачува тринеделна програма за детоксикација со лен и кефир.

Првите седум дена за појадок помешајте една лажица ленено брашно со 150 мл кефир, втората недела две лажици лен и 150 мл кефир, а третата со три лажици лен, наведуваат нутриционистите.

Не чекајте да прегладнете!

А, како да се спречи прејадувањето во текот на празниците, нутриционистите посочуваат дека прв чекор да не чекате да прегладнете.

Второ, комбинирајте што повеќе салати – зелка, зелена салата, краставица бидејќи содржат многу вода и ќе ги врзат токсините, ќе дадат ситост и нема да изедете онолку колку што сте наумиле, советуваат нутриционистите и додаваат дека, во текот на празниците, не е добро да се откажете од се, но да внимавате да не претерате со храната и пиењето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот