Како борбата против климатските промени ќе го поскапе животот на Европјаните

Фото: Профимедиа

Не е сѐ договорено до детал, но најавени се големи чекори. Јасно е дека нашиот досегашен начин на живот ќе стане многу поскап, пишува германски „Дојче веле“.

Новата Европска комисија (ЕК) сака да биде на чело на промените и борбата против климатските промени, а со името „Зелен план“ (Green Deal) истакна дека ова ќе биде централна тема на нивната политика.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент (ЕП) го претстави пакетот кој содржи 50 предлози.

„Тоа е нешто како слетување на Месечината“, рече таа за на својот предлог да му даде историско значение. „Немаме повеќе време за губење“, пренесува „Дојче веле“.

Веќе во март Европската Унија (ЕУ) би требала да усвои Закон за клима кој ќе пропишува дека во ЕУ до 2050 година ќе треба да се постигне „климатски неутрална економија“. Тоа значи дека емисијата на јаглерод диоксидот и другите штетни гасови за климата треба да се сведат на нула.

Како најважни предлози кои ги содржи „Зелениот план“, според оценката на „Дојче веле“ се следните:

Воведување на данок за јаглерод диоксид

Постепено би требало да се воведе данок на јаглерод диоксид, односно на употребата на фосилните горива кои го предизвикуваат овој гас. Со тоа значително би требало да се намали потрошувачката на јаглен, гас и нафта.

Проширување на трговијата со емисии

Треба и постепено да се зголемува цената на лиценците за претприемачите кои плаќаат за јаглерод диоксидот кој го емитуваат. Ниту воздушниот сообраќај нема да може да загадува „бесплатно“. Тоа би требало да придонесе до поскапување во авио-сообраќајот и намалувањето на бројот на авионски летови. Во трговијата со емисии на штетни гасови треба да биде вклучен и бродскиот сообраќај.

Поттикнување на инвестиции

Држававите и приватните компании ќе мораат да издвојат повеќе пари за инфраструктурата за електромобилност во цела ЕУ. Со тоа, треба да се отворат повеќе од милион станици за полнење на електрични автомобили, а се планира и изградба на ветерници на море и на копно за производство на струја, како и еколошки прифатливи гасни електрани.

ЕК зборува за 2,6 милијарди евра кои ќе бидат потребни во следните десет години. Европската инвестициска банка би требало да обезбеди повеќе кредити за проектите кои одат во насока за заштита на климата. Предвидено е и поставување на еколошки прифатливи системи за греење и вентилација.

Дозволување на „зелени долгови“

Инвестициите и финансиските производи кои ќе бидат класификувани како еколошки посакувани, би можеле да бидат ослободени од даноци. Тој предлуг меѓу финансиските политичари е крајно спорен. Сѐ уште не постои единство за тоа што всушност е „зелен финансиски производ“.

Зголемување на потрошувачките цени

Приватните потрошувачи ќе треба да плаќаат повеќе за фосилните горива, бензините, нафтата и гасот. Така би се овозможило преминување на електровозила или на железница. Финансиски послабите домаќинства ќе треба да добијат компензација, сѐ со цел „Зелениот план“ да биде прифатлив за општеството.

Следни чекори

Новиот зелен општествен договор сега мора да го поддржат 27 земји членки на ЕУ (веројано без Велика Британија). Спорно е која држава колку ќе мора да допринесе за заштита на климата и за компензациските мерки. Скептични пред сѐ се земјите од источна Европа како Полска, Унгарија и Чешка кои трошат многу јаглен. Тие бараат финансиско растеретување.

И Германија ќе мора, оценуваат здруженијата за заштита на животната средина, да имплементира поостри климатски цени, доколку сака да ја оствари целта ЕУ во 2030 година да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 50 или 55 отсто во однос на 1990 година, завршуваат од „Дојче веле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот