Кај четворица скопјани најдено амфетамин, марихуана и екстази

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази.

-По преземени мерки, А.А. и О.Ш. биле затекнати при средба со С.Б., по што биле запрени и при преглед кај нив бил пронајден и одземен амфетамин. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Б. каде биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, екстази и дигитална вага, се наведува во соопштението на МВР.

Исто така, во дворот на С.Б. бил затекнат Ж.Т. и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР информираат дека сите лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот