Каевски вели дека СДСМ ја примил „сериозната порака“ од граѓаните, Нелоски не се согласува

Дарко Каевски и Владимир Нелоски во гостување во „Само вистина“ / фото: Канал 5/принтскрин

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски и претседателот на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Владимир Неловски, вечерва гостуваа во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Нелоски рече дека првиот круг од локалните избори евидентно покажал оти власта повеќе ја нема поддршката од граѓаните и дека „граѓаните се подготвени за промени, најпрво во општините, а потоа и на централно ниво“. Тој оцени дека ваквиот резултат е последица не само од неработењето на локалните власти на СДСМ, туку и поради лошите политики на централно ниво.

„Не би се согласил со Каевски дека СДСМ ја сфатиле пораката и не би се согласил дека народот им дал порака. Народот им даде порака во 2019 година кога нивниот лидер мавташе со метли, ветуваше промена на позиции, директори и за сите оние кои што не работат чесно, но не видовме ништо од тоа и токму затоа граѓаните во неделата им го дадоа најпрво жолтиот картон којшто ќе го потврдат на 31 октомври и СДСМ конечно ќе го доживее поразот кој што го заслужува“, рече Нелоски.

Каевски, од своја страна, рече дека граѓаните им упатиле „сериозна порака“, која ја примиле и таа покажува дека одредени процеси и дејствија и реформи треба да ги исправат. Според него, најважно е „да се извлече пораката и да се продолжи напред“.

„Пред се да покажеме дека знаеме да слушаме, да се исправиме и да се извиниме. До нашите партиски колеги стигнаа пораки од типот „јас лично не излегов“, но кога ги гледам резултатите, знам дека ќе ја исправиме грешката и сето тоа што беше згрешено да се исправи, затоа што граѓаните го заслужуваат најдоброто,“ посочи Каевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот