Кадетите второпласирани на ЕХФ шампионатот во Скопје

Кадетите поразени во финалната битка од Полска/Фото: РФМ

Денеска во големото финале на ЕХФ шампионатот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ со резултат 35:33 загуби македонската кадетска репрезентација од Полска.

Овие две селекции се сретнаа и во групната фаза кога играчите предводени од селекторот Кирил Лазаров беа подобри со 30:25.

Во текот на првото полувреме и двете репрезентации се менуваа во водство не поголема од два голови разлика.

Полска имаше 9:7 во 15 минута, а Македонија водеше со 14:12 и 16:14, но на паузата се замина со нерешени 17:17.

Се држевме до 37 минута кога имавме само негатива од 20:19, а потоа Полјаците со серија на голови која се покажа како клучен момент за крајниот епилог се одвоија на „плус пет“ 24:19.

Се доближивме на „минус три“ со голот на Стојковиќ во 51 минута (29:26), но следуваше нова низа на погодоци на ривалите од 4:1, на семафорот стоеше 33:27 во 56 минута и полека се наѕираше победникот на турнирот. Значаен придонес во одржувањето на позитивата имаше и полскиот голман Познијак со своите одбрани во решавачките моменти.

На крајот Полска го освои ЕХФ шампионатот, Македонија до крајот на мечот само го ублажи поразот. Во нашата селекција најефикасен беше Митев со седум голови, по пет имаа Петковски и Атанасијевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот