Кацарска за СП: Не треба да очекуваме премногу од словенечкото претседателство со ЕУ

Фото: YouTube/Screenshot

Македонија ќе мора со сопствени сили да се обиде да ја убеди ЕУ колку е важно проширувањето за самата Унијата, не само за Западен Балкан, откако стана јасно дека Бугарија ниту под меѓународен притисок нема да го тргне ветото од преговарачката рамка за членство на нашата земја, велат познавачите. Директорката на Институт за европска политика Симонида Кацарска вели дека не треба премногу да очекуваме од следното претседателство на ЕУ, од Словенија, и покрај тоа што земјата се смета за пријателска и за добар познавач на состојбата на Балканот.

– Словенија најави дека ќе го превземе португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија, но условите за спроведување на тој предлог не се отимистични, бидејќи и во наредното шесмесечие ќе има избори во Бугарија, претседателски. Јас не би ги подигала очекувањата од Словенија од неколку причини, заради неодамнешниот нон-пејпер за промена на балканските граници кој беше поврзан со премиерот Јанез Јанша, но и заради политичката борба на Јанша што ја има со ЕУ. Неговата политика е блиска со политиката на Унгарија, чиј пак однос со ЕУ деновиве ескалираше. Така што, не сум сигирна колку Словенија реално ќе може да донесе некој пробив – вели Кацарска за „Слободен печат“.

По Словенија претседателството со ЕУ го превзема Франција, а Кацарска смета дека во центарот на неговото внимание ќе биде заокруживањето на конференцијата за иднината на Европа, на која тој ќе сака дел од неговата визија да биде реализирана и во пракса.

– Но, во таа визија јасно е дека проширувањето на ЕУ не е приоритет. Ни останува само да очекуваме дека во политичките елити во Софија ќе се појави свесност дека испорачуваат уценувачки и максималистички барања на кои е невозможно да се одговори и ако можеме, со сопствени дипломатски напори да ја убедиме ЕУ дека проширувањето треба да биде нивен приоритет – вели Кацарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот