Јувентус го договори најголемото засилување - Слободен печат
СпортФудбал

Јувентус го договори најголемото засилување

Италијанскиот шампион конечно го реализира трансферот со кој ќе биде фаворит за триумф во ЛШ.

Челниците на Јувентус конечно успеаја да го договорат трансферот на Матијс де Лихт од Ајакс, објавија холандските медиуми.  Веќе подолго време се шпекулира дека доаѓањето на капитенот на Ајакс во Јувентус е прашање на време но имаше несогласувања во висината на отштетата, италијанскиот тим нудеше 60 милиони евра, додека холанѓаните бараа 15 милиони повеќе.

Сега според медиумите во Холандија договорени се сите детали од договорот и остануваат само формалностите со документацијата пред суперталентираниот дефанзивец да се пресели во Торино.

Весникот “Телеграф“ пренесува дека Ајакс ќе добие 70 милиони евра и уште неколку во дополнителни бонуси, а Де Лихт утрово го имаше последниот тренинг како фудбалер на Ајакс. Се очекува во текот на викендот Јувентус да го потврди трансферот и Де Лихт да тргне со новата  екипа на турнеја во Азија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close