Јовески ќе ги „чешла“ јавните обвинители кои не се појавувале на рочишта

Фото: МИА

Јавниот обвинител Љубомир Јовески упати писмено барање до Судскиот совет за детална информација во кои предмети судските рочишта биле одложувани поради отсуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и со какво образложение го оправдале отсуството.

 

 

Судскиот совет на последната седница, пак, најави дисциплински постапки за судиите од Кривичен суд кои ги толерираат обвинителите што не доаѓаат и на 10 рочишта по ред, па предметите застаруваат, а информацијата за оваа пракса излезе од презентацијата на извештајот по увидот што Судски совет го извршил во Кривичниот суд Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот