Јорданова се залага за заедничко родителство по разводот

Надежда Јорданова/ Фото: МИА

Министерката за правда Надежда Јорданова најави дебата за законски измени за обезбедување еднакви права на родителите по разводот, јави бугарската новинска агенција БТА.

Таа на 24 декември имала телефонски разговор со претставниците на организацијата „Татковци за одговорно родителство” и на здружението „Член 24″, кои протестираа барајќи законски измени.

Предвидено е Јорданова на 29 декември да се сретне со членовите на невладините организации при што ќе се разговара за заедничко родителство и за механизам, со кој ќе бидат заштитени првата на децата и на двата родители, а потоа да се подготват законските измени.

– Всушност, со години не се презема ништо за решавање на овој болен проблем за децата и за родителите, што често ги претвора децата во жртви на конфликт за време и по разводот, а доведува до отуѓување на родителите, се наведува во соопштението од бугарското Министерство за правда.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот