ЈО отвори предмет за статус на Фејсбук објавен од лидер на политичка партија

Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија.

-Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер- наведуваат во соопштение од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.

Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот