Јавно ја изневери девојката: Новинар во живо се јави од неговиот дом, а позади него прошета голата љубовница (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос (41) се најде во центар на скандал откако за време на разговор во живо со негов колега, се дозна дека ја изневерува својата девојка Марта Лопез.

Имено, додека разговарал позади него се прошетала гола девојка за која подоцна се дознало дека е неговата колешка од редакцијата, Алексија Ривас.

– Ако мислите дека моето однесување не беше во ред и дека постојат работи кои не сум ги направил добро, немам проблем да барам прошка, иако на никого не сакав да нанесам зло – рекол Алфонсо по скандалот.

Фото: Инстаграм

Сега целиот свет бруи за изневерувањето на Алфонсо, а неговата девојка Марта открила како се чуствувала кога видела дека позади нејзиниот дечко поминува гола девојка.

– Бев лута на него четири дена. Не сакаше да направам нешто што се однесува на моето семејство. Јас тоа го направив, а тој се налути. Се каравме – рекла Марта, додека Алексија најавила тужба.

Фото: Инстаграм

– Во последните неколку дена гледам како ме третираат по медиумите и изнесуваат неточни информации. Објавени се работи кои ја загрозуваат мојата приватност и мојата јавна слика, а со тоа ми го нарушуваат угледот – рекла Ривас, инаку шоубиз новинарка.

Подоцна таа кажала дека таа и Мерлос се во врска неколку дена, но и дека Алфонсо и кажал дека нема девојка и поради тоа мислела дека не прави ништо лошо. Лопез и Мерлос имаат син и во врска се од 2019 година кога ги фотографираа на улиците во Мадрид.

– Алфонсо е прекрасен маж кој би ја направил среќна секоја жена. Свежи сме во вската, но ако има венчавка, сите сте поканети – зборувала претходно Лопез.

Снимката како колешката на Алфонсо поминува гола покрај него, може да ја видите подолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот