Јанушев: 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците

– Заедно ќе ја исправиме Македонија и ќе одбереме обнова, поради тоа што секој еден од нас е важен, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Берово каде што истакна дека во овие три години власта во Македонија донесе живот само за неколкумина од врвот и владееше со уцени, криминал и закани.

Јанушев потенцираше дека како на централно ниво со истиот начин СДСМ со криминал и уцени владеел и на локално ниво во Берово, „како што се заканите во Македонски шуми, но и со лаги како што ветуваа нов граничен премин Клепало”, но не го оствариле.

Тој додаде дека токму заради таквите закани, уцени и криминали после 15 јули сите што се огрешиле пред законите ќе одговараат и тоа во првите шест месеци, а заедно со тоа ќе следи обнова на Македонија во секој сегмент.

– Заедно ќе ја исправиме Македонија и ќе одбереме обнова, поради тоа што секој еден од нас е важен, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, ќе ја намали невработеноста во Македонија под 10%, ќе реконструира повеќе од илјада километри патишта и се обврзува на 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците.

За сето тоа да се оствари, како што потенцира тој, потребна е масовност на 15 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот