Јанкулоска за затворот: Настојувам да го зачувам психичкото и физичкото здравје

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вечерва во емисијата „360 степени“ на МРТВ,  изјави дека настојува да го зачува физичкото и психичкото здравје откако е во затвор.

Вели дека прочитала книги кои претходно немала време да ги чита.

„Настојувам да го зачувам и физичкото и психичкото здравје. Се занимавам со одредени фитнес вежби и се друго што е потребно во такви супстандардни услови да се остане во колку-толку добра кондиција, во физичка смисла на зборот, меѓутоа, со оглед на тоа што таквата изолација значи целосна отсеченост од надворешниот свет, во овие години прочитав многу книги што никогаш претходно не наоѓав време да ги прочитам.

Таа вели дека се труди и да гледа телевизија. Екс министерката кажа дека во затворот условите се лоши. Јанкулоска кажа дека преку телефонска говорница се слуша со семејството.

Според неа, условите во затворот се лоши.

„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот