Јакимовски побара планерските куќи да ги презентираат плановите за Карпош

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побарал од сите планерски куќи да извршат јавна презентација на сите детални урбанистички планови што се изработуваат за територијата на оваа општина.

-Сакам да ве информирам дека остварив средба со сите претставници на планерските куќи кои во моментот изработуваат урбанистички планови за општина Карпош. На средбата побарав од нив да подготват презентации на сите планови без разлика во која фаза на изработка се во моментот за истите да бидат ставени на увид пред Советот на општината и пред јавноста – информира градоначалникот Јакимовски.

Како што додава тој, во Карпош ќе се работи само транспарентно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот