Израелците тврдат дека Хелболах извршил напад врз северниот дел на земјата

Израелска армија EPA-EFE/ABIR SULTAN

Милитантната исламска организација Хезболах утрово изврши два напади од Либан кон северот на Израел, при што беа истрелани околу 100 ракети, соопшти израелската армија.

Во првиот напад беа истрелани околу 70 ракети од Либан кон Голанската висорамнина, што е еден од најмоќните ракетни напади што Хезболах ги извршил на израелска територија, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во вториот напад беа истрелани околу 30 ракети.

Според првичните информации, во нападите нема повредени.

Некои од ракетите биле пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ над северен Израел.

Ракетирањето следеше откако доцна синоќа израелските сили извршија напади длабоко во либанска територија, при што воени авиони погодија две упоришта на Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот