Излезе „Културен печат“ број 197 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 197

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 197, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-24.9.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски по повод промоцијата на неговиот роман „Плачеш како кит“: Книги со чуда внатре

– разговор со визуелната уметница Клелија Живковиќ, добитничка на наградата „Денес“: Длабок интерес кон оживеаноста

– Националната галерија подготви изложби на Миле Корубин и Симон Шемов како дел од програмата за презентација на врвните национални културни достигнувања

– македонскиот ликовен уметник Страхил Петровски со изложбата „Voices“ ќе се претстави во Синагогата во Ступава, Словачка

– камерниот оркестар „Профундис“ и светски познатата виолинистка Ирина Мурезану ќе настапат во Нови Сад

– промовиран е првиот самостоен винил на кој е објавен новиот албум „The back of beyond“ на музичарот и композитор Кокан Димушевски

– скопскиот состав „My Tear“ го објави својот најнов видеозапис за песната „На старите станици“ во режија на Милан Блажевски

– словенечкиот писател Драго Јанчар ја прими наградата „Прозарт“: Ние му пркосиме на историското време

– Театар Комедија и Турскиот театар во Скопје ги почнаа подготовките на претставата „Демнејќи го Годо“ по текст на Драго Јанчар

– книжевниот центар „Антолог“ во „Буква“ ја промовираше книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски

– третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи со интензивна и атрактивна програма

– книгата раскази „Сезона на глуварките“ од Блаже Миневски излезе на хрватски јазик во издание на „Тим пресс“ од Загреб

– манифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распиша конкурс за поезија и за плакат за 13. издание на поетскиот настан што се одржува во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот