Излезе „Културен печат“ број 194 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 194

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 194, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-3.9.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со писателот и сликар Димитрие Дурацовски: Се воодушевувам кога ќе видам нешто што ми е блиско по дух

– разговор со радиоводителот, уредник и новинар Тони Цифровски: Истрајност предизвикана од љубовта кон културата и уметноста

– претставата „Лејди Магбет“ на кореографката Рисима Рисимкин ја освои Верона

– режисерот Бранко Брезовец го поставува „Хамлет“ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

– добитник на Специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ е кинематограферот Шеjмус Мекгарви

– самостојна изложба со наслов „Раселени“ на Тања Балаќ: Уметнички слики со луѓе без дом и без иднина

– детско-младинските театри се здружија во Националниот центар АСИТЕЖ Македонија

– средба со џез-талентот Јован Цветковиќ: Секогаш по потешкиот пат се доаѓа до вредни нешта

– во организација на „Арт Генератор“ од 1 до 13 септември се одржува Фестивал на џез, ворлд и современа музика во Велес

– на 62. СВП во Струга се одржа промоција на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, издание на „ПНВ Публикации“

– антологијата за поезијата и флората „Меѓу дрвјата“, чиј приредувач е Иван Џепароски, беше промовирана во рамки на 62-то издание на „Струшки вечери на поезијата“

– поетесата Ирена Павлова Де Одорико ја доби наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник, што ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот