Излезе „Културен печат“ број 188 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 188

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 188, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.7.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Кинга Нетман-Мултановска, авторка на книгата „Варшава го исцртува Скопје“: Пишував како да бев во транс

– разговор со филмскиот режисер Ѓорче Ставрески: Кога бев дете, светот на возрасните ми изгледаше сериозен и битен

– одржани се јавни расправи за новиот Закон и за Националната стратегија во културата: Стратегиски пристап кон суштински документи на Министерството за култура

– Национална галерија почна со одбележувањето на 75-годишнината од основањето со изложбата „75 / 75“ во Чифте амам

– широк спектар теми и авторски пристапи носи второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“

– Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ почна со обуката на петтата генерација „Докуникулци“

– Саат-кулата во Битола е прогласена за културно наследство од особено значење

– фотографот Сашо Димоски ја подготви изложбата „Станица Скопје 63“, која ќе биде отворена во КИЦ-Скопје на 26 јули

– во јубилејно издание објавено е целокупното творештво на првата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во Скопскиот земјотрес во 1963 година

– издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 22 и 23 јули во Демир Хисар го реализира третото издание на проектот „Добри гости“

– романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на словенечки јазик во издание на издавачката куќа „Гога“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот