Изгор скапо: Платил вистинско богатство за кафе, кроасан и лимонада во Опатија

Опатија, Хрвтска
Опатија, Хрвтска / EPA-EFE/ANTONIO BAT

Кафето во кафуле, а особено во туристичките места, очигледно стана вистински луксуз. Уште ако нарачате и сок или одлучите да јадете, бидете подготвени за голем трошок. Сè поголемо е незадоволството кај граѓаните и туристите кои се жалат на превисоките цени во туристичките места во регионот.

Неколку туристи од Германија неодамна порачале дека цените во Хрватска се доста повисоки од претходните години и дека платиле околу 700 куни (93 евра) за ручек за четиричлено семејство во Задар, пишува „24сата“.

Последниот таков пример доаѓа од кафуле во Опатија, Хрватска. Разочараниот гостин на својот фејсбук-профил објавил сметка од кафуле во Опатија, бидејќи смета дека платил премногу за она што го нарачал.

Тој нарачал кроасан со шунка и сирење, мало макијато и природен сок од лимон.

Сè заедно платил – 107 куни (околу 14 евра).

Кроасанот го платил 30 (околу 4 евра), макијато 32 (4,26 евра), а сок дури 45 куни (5,8 евра).

Луѓето најмногу ги изненадило тоа што кафето чинело повеќе од кроасанот, па под објавата на гостинот оставиле куп коментари, повеќето згрозени од високите цени.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот