Иван Перишиќ пред враќање во Хајдук

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Според последните информации, Иван Перишиќ е пред потпис со Хајдук.

Познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо најави дека Перишиќ и Хајдук се пред договор, а официјализацијата се очекува во наредните денови.

Информациите на Романо се дека Перишиќ самиот изразил желба да се врати и да заигра за клубот од татковината.

Тотенхем е подготвен да го позајми до крајот на сезоната и останува да се види само кој ќе биде начинот на кој Перишиќ уште во јануари ќе стане соиграч на македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој го носи дресот на Хајдук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот