Итен состанок на НАТО заради повлекувањето на САД од договорот „Отворено небо”

Амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел закажаа за денеска попладне итен состанок откако САД најавија повлекување од меѓународниот договор „Отворено небо”, соопштија дипломатски извори.

– Состанокот е закажан за денеска попладне, на кој ќе бидат анализирани последиците од одлуката која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека Русија не го почитувала договорот и затоа САД, исто така, нема да го почитуваат и ќе се повлечат, наведуваат дипломатските извори.

Според изворите, американската одлука е критикувана во Алијансата и „сите сојузници побарале од САД да останат во договорот”.

Договорот „Отворено небо” (Open Skies Teraty) веќе две децении овозможува извидувачки летови на невооружени авиони над териториите на 34 земји потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот